Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи - KOVZ

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ХАНУКА

Директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската заедница по повод празникот Ханука.

Директорката на  Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската заедница г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Ханука.

 

Почитуван Г-дин Пепо Леви, 

 

              Дозволете ми Вам лично, на членовите на Еврејската заедница во Македонија, како и на сите наши сограѓани Евреи, да Ви го честитам големиот еврејски празник на светлината - ХАНУКА.

 

             По повторното завземање на еврејскиот храм и отстранувањето на сите паганските идоли, верниците во него нашле масло со кое свеќите во храмот можеле да горат само една ноќ. Но, за чудо, маслото во храмот траело цели осум дена. И оваа година, нека светлината на свеќникот кој симболично се пали секоја година во спомен на овој празник, го осветли секое темно ќоше од Вашите домови. Нека донесе сила и единство во Вашата заедница и во сечие срце. Кога е најтемно, велат големите еврејски мудреци, светлината свети најсилно, и секое добро дело може да донесе топлина на оние на коишто им е најпотребно. Или како што е запишано во светите книги: „земете елеј маслинов, чист, без талог, да гори за светење, и да гори секогаш.“

 

             Нека овој празник на чудата и на светлината ги исполни Вашите срца и домови со топлина и нека донесе благосостојба и многу здравје!

 

Chag Sameach!

 

Честит празник!                                                                                                       

 

                                                                                                  ДИРЕКТОР

                                                                                        Оливера Трајковска

Тагови: