Директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската заедница по повод празникот Ханука.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската заедница г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Ханука.
Почитуван Г-дин Пепо Леви,
Почитувани припадници на Еврејската заедница во Република Македонија,
Дозволете ми во мое лично име, како и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод празникот Ханука да упатам срдечни честитки и искрени желби за добро здравје, мир и духовна исполнетост.
Ханука претставува силен потсетник на значењето на верата, истрајноста и надежта, како и на трајната вредност на слободата и идентитетот. Овие пораки, длабоко вкоренети во еврејската религиозна и културна традиција, имаат универзално значење и се темел на современото демократско и плурално општество.
Еврејската заедница во нашата држава има значајна улога во градењето и зачувувањето на меѓусебното разбирање, почитта и соживотот меѓу различните верски заедници, давајќи пример за одговорно и достоинствено присуство во јавниот и општествениот живот.
Ви посакувам празничните денови да Ви донесат спокој, семејна радост и светлина која ќе биде поттик за нови успеси и заеднички вредности.
Со почит,
Директор
Оливера Трајковска