Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Јом Кипур.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Јом Кипур.
Дозволете ми, од името на Комисијата за односи со верските заедници и од мое лично име, Вам, на сите членови на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам еврејскиот празник ЈОМ КИПУР.
По завршувањето на празникот Рош Хашана и десетте денови на покајание, традиционално Евреите во целиот свет го прославуваат најсветиот празник Јом Кипур во радост, милост и благосостојба. Ви посакувам, во духот на традицијата на овој голем еврејски празник, Јом Кипур да го поминете во спокој и мир, поздравувајќи Ве со традиционалниот повик: следната година во книгата на животот да биде испишано здравје кај секого.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}