Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Јом Кипур.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската верска заедница г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Јом Кипур.
Почитуван г-дин Пепо Леви,
Дозволете ми Вам лично, на членовите, раководството и верниците на Еврејската заедница во Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам срдечни честитки по повод одбележувањето на празникот ЈОМ КИПУР.
Пораките коишто ги отелотворува овој свет празник, како што се простувањето, покајанието и помирувањето, нека бидат лекција за годината што следи. Со нив да изградиме една посветла и поубава заедничка иднина. Ви посакувам молитвите и постот да Ви донесат духовен мир и исцелување во Вашите семејства.
Во духот на традицијата, Ве поздравувам согласно традиционалниот празничен поздрав:
„Бидете запишани во книгата на животот со мир, љубов и здравје“