Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Песах
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Песах.
Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ.
Празникот Песах има посебно место во верскиот живот на Евреите. Во Тората дадена е божјата заповед: „И тој ден ќе ви биде ден на сеќавање и празнувајте го тој празник, посветен на Господа; празнувајте го од колено на колено; вечно озаконет. “(Излез 12,14). Сеќавањето на минатото има за цел подобро да ја разбере сегашноста, а со тоа да ја осветли иднината.
Во тој дух, за посветла и посреќна иднина, Ви посакувам овој празник да го поминете во љубов, здравје и мир заедно со Вашите блиски роднини и пријатели.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}