Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Песах
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската верска заедница, г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Песах.
ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ
Почитуван г-дин Пепо Леви,
Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод ПЕСАХ - празник со кој традиционално се одбележува избавувањето на еврејскиот народ од ропството и неговото излегување од Египет.
Во спомен на овие настани, еврејската традиција ја негува седер-вечерата како централен и симболичен обред на празникот. Симболиката на седер-вечерата, јадењето на бесквасен леб и горчливите тревки нè потсетува дека патот кон слободата често минува низ горчливи искушенија, но и дека секое страдање во себе носи можност за надминување и нов почеток. Еврејскиот народ низ историјата постојано се издигнувал над предизвиците, а неговата истрајност, непокорност и длабока жед за слобода претставуваат трајна инспирација. Во таа смисла, Песах не е само празник на минатото, туку и повик за одговорност во сегашноста — да се биде глас на правдата, да се штити човековото достоинство и да се гради општество во кое слободата е заедничка вредност за сите.
Преку негувањето на овие вредности во нашето општество, Еврејската заедница во Македонија дава значаен придонес во градењето на меѓусебната доверба и почит.
Во духот на на вековната традиција, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, здравје и благосостојба, исполнети со семејна топлина и духовна радост.
Хаг Песах Самеах!
Честит Песах!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}