Директорот на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Рош Хашана.
Директорот на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Претседателот г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Рош Хашана.
Почитуван г-дин Пепо Леви,
Дозволете ми Вам лично, како и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележувањето на новата еврејска година Рош Хашана да Ве поздравам со традиционалниот поздрав „Шана Метука“ односно да имате „Слатка и Успешна Нова Година“.
Традиционално, во еврејската традиција Рош Хашана е период на длабока интроспекција и навраќање на делата направени во изминатата година. Велат дека без сеќавање нема иднина, па во таа насока Ви посакувам новата еврејска година да биде светол патоказ кон уште поголеми дела, во духот на нашето заедничко живеење на овие простори.
Ви посакувам да ја одбележите Рош Хашана во кругот на Вашите семејства со многу љубов, спокојство и многу здравје.
Директор
Оливера Трајковска
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}