Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод почетокот на Рамазанскиот пост.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаху, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, посакуваќи им лесни Рамазански пости.
Големиот рамазански пост е секогаш време за лично внатрешно чистење, време за мир, проникнување во својата природа и верба, но и време за солидарност и хуманост.
Дозволете да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан со искрени желби за лесни пости, како и за безгрижни денови исполнети со здравје во Вашите семејства.
Вирусот е за жал сеуште изразен непријател на нашите традиционални манифестации, пандемијата ги одзема секојдневно животите на многу наши сограѓани. Во вакви околности значајно е да се штитиме себеси, но и животите на ближните. Оттаму избегнувањето на собирите и почитувањето на мерките во овие празнични денови ќе биде значаен придонес кон стабилизација на пандемиската состојба.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}