Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Курбан Бајрам.
Почитуван Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи,
Дозволете ми Вам, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи да Ви го честитам празникот Курбан Бајрам.
Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека го израдува секого. Да изградиме заедно едно општество во кое ќе бидат почитувани толеранцијата, добрината и хуманоста кон секого.
Ви посакувам многу здравје и мигови на празнична радост со Вашите најблиски!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}