Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Курбан Бајрам.
Почитуван Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи,
Од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, дозволете ми да Ви упатувам Вам, како и на сите припадници и членови на Исламската Верска Заедница и на сите граѓани со муслиманска вероисповед, искрени и срдечни честитки по повод празникот Курбан Бајрам.
Овој празник нека Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Љубовта и грижата за најблиските нека бидат поттик за среќа и општа благосостојба на секој граѓанин во општеството. Нека потсетува постојано на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање, дијалог и толеранција како суштински услови за мир, соживот и среќа.
Помагајќи им на оние кои им е најпотребно, сочуствувајќи со нив, чекориме на патот кон доброто. Само со заедничко и меѓусебно разбирање можеме да ја градиме светлата иднина за сите нас.
Со почит,
Директор
М-р Даријан Сотировски