Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Почетна

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НОВА ХИЏРЕТСКА ГОДИНА

Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот, до муфтиите и имамите и до сите граѓани кои ја празнуваат Новата Хиџретска година.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи до членовите на Ријасетот, до муфтиите и имамите и до сите граѓани, честитај им ја Новата Хиџретска година.

 

Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод Новата Хиџретска година.

Преселбата на божјиот пратеник Мухамед од Мека во Медина (Хиџра) е настан кој бил и останува да биде од големо значење во животот на муслиманските верници. Настан кој воедно го одбележа и почетокот на новата година во Исламот. Нека Ви е среќна Новата Хиџретска година посакувајќи Ви благодат и многу здравје.

Тагови: