Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Рамазан Бајрам.
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од муслиманска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам.
По завршувањето на месецот на постот и простувањето, верниците ги оплеменуваат своите срца и со радост го дочекуваат големиот празник. Рамазан Бајрам ги актуелизира вредностите на човечност, мир, сочуство и љубов кон ближниот. Нè потсетува дека добрите дела кон сите луѓе, меѓусебното почитување и солидарност, се вистинскиот пат по кој треба да се чекори. Во тоа име, Ви посакувам овој Рамазан Бајрам кај Вас и кај сите верници да ги отвори срцата кон уште поголемо разбирање и љубов за да можеме заеднички да придонесеме кон градењето на едно мирно, просперитетно и мултиконфесионално општество.
Ви испраќам искрени желби овој Рамазан Бајрам да го поминете во вистинска среќа, здравје и спокој, во духот на заедништвото, споделувајќи ја оваа возвишена радост со Вашите ближни, семејството и пријателите.