Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Рамазан Бајрам.
Секоја духовна жртва носи плодови на духовно растење и созревање. Месецот Рамазан е токму таков период во кој верникот духовно расте и созрева, откажувајќи се доброволно од изобилството, дарувајќи им на оние кои немаат, враќајќи се во кругот на семејството каде човекот ја осознава својата вистинска природа и вредност.
Денес кога го празнувате големиот празник Рамазан Бајрам сакам од свое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи да Ви упатам искрени честитки и желби за мир, благосостојба и радост во секој дом кој денес празнува.
Со почит,
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}