Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Рамазан Бајрам.
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од муслиманска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам.
Рамазан е празник кој ги вреднува моралните, човечки особини кои се темелат на толеранција и мир. Токму тоа е и нашата вековна мисија, да воспоставиме взаемна толеранција, љубов и разбирање меѓу нас.
Ви посакувам овој Рамазан Бајрам да го поминете во вистинска среќа, здравје и спокој, споделувајќи ја оваа возвишена радост со Вашите ближни, семејството и пријателите.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}