Директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

Почитуван Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи,
Дозволете ми, во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.
Курбан Бајрам е празник кој нè потсетува на вистинските вредности – пожртвуваност, солидарност, хуманост и грижа за ближниот. Тоа се доблести кои не само што го облагородуваат поединецот, туку го зацврстуваат соживотот и меѓусебното почитување меѓу различните верски заедници во нашата заедничка татковина.
Нека празничните денови донесат мир, духовна исполнетост и разбирање меѓу луѓето. Нека Курбан Бајрам биде потсетник за значењето на верата, семејството и добрината во нашето секојдневие.
Со уверување дека ќе продолжиме да соработуваме во духот на меѓусебно почитување и соживот, Ви посакувам здравје, благосостојба и Божји благослов за Вас и за сите верници од исламска вероисповед.
Директор
Оливера Трајковска