Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до свештенството и верниците на Католичката црква по повод празникот Раѓање Христово (Божиќ)
Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-Скопски Монс. Д-р Киро Стојанов, свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар, честитајќи им го празникот Раѓање Христово (Божиќ).
Дозволете во овие возвишени празнични моменти од името на македонските граѓани и од свое име да Ви ги пренесам искрените честитки по повод Христовото рождество- Божиќ и да Ве поздравам со Христос се роди!
Љубовта како врвна христијанска одлика да ги исполни нашите срца овие празнични денови. Празничната радост да ги сплоти христијанските народи и да ги поттикне на разбирање, солидарност и соработка.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}