Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до свештенството и верниците на Католичката црква по повод празникот Раѓање Христово (Божиќ)
Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар, честитајќи им го празникот Раѓање Христово (Божиќ).
Ваше Превозвишенство,
Дозволете ми Вам лично, на целото свештенство и монаштво, како и на сите граѓани од католичка вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО-БОЖИЌ.
Раѓањето Христово-Божиќ е еден од најголемите христијански празници кој носи радост и вистинска светлина кај верниците. Пораката на овој празник, да ги љубиме блиските може да ги надмине сите предизвици со кои се соочува денешниот свет. Тоа е љубовта за која големиот католички мисионер и основачот на редот на сестрите Евхаристинки во Македонија, о. Јосиф Алоати, ќе напише: „Да сакам, да страдам, да правам сè за Бога, и да го сакам сето она што Бог го посакува.”
Ви посакувам празникот на Раѓањето Христово-Божиќ да Ви донесе здравје, среќа и љубов, и на сите верници да им го осветли патот кон позитивните човечки вредности.
ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}