Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до свештенството и верниците на Католичката црква по повод празникот Раѓање Христово (Божиќ)
Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар, честитајќи им го празникот Раѓање Христово (Божиќ).
Ваше Превозвишенство,
Рождеството Христово е спасителниот пробив на светлината која го озари човештвото потонато во длабок мрак. Чекорењето по тој зрак е спасителен животен подвиг на секој еден насекаде во светот. Подвиг тежок и подвиг предизвикувачки. Но, Христос се роди за секој еден да успее!
Посакувајќи Ви убави празнични денови, ја изразувам мојата длабока почит и го барам Вашиот благослов.
Христос се роди! Честит Божиќ!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}