Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски по повод празникот Велигден упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото и до верниците на Католичката црква.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Неговото превозвишенство Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото и до верниците на Католичката црква, честитајќи им го празникот Воскресение Христово - Велигден.
Дозволете ми од мое име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Вам, на целото католичко свештенство и на сите верници од католичката вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод најголемиот христијански празник - Велигден.
Во времето во кое денес живееме мораме сите да се потсетиме на најголемата порака на овој празник - љубовта. Љубовта му е потребна на светот сега повеќе од кога и да е, бидејќи таа е најголемиот лек со кој можеме да ги победиме сите болести. Да ги љубиме сите подеднакво воденешно време е се потешко, но љубовта е сила која секогаш победува. Токму таа го победи злото на крстот, простувајќи им на непријателите, правејќи им добро на сите и на секого.
Ви посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете во мир и добро здравје заедно со Вашите најблиски исполнети со љубов и меѓусебно почитување.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}