Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски по повод празникот Велигден упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото и до верниците на Католичката црква.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Неговото превозвишенство Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото и до верниците на Католичката црква, честитајќи им го празникот Воскресение Христово - Велигден.
Ваше превозвишенство,
Дозволете ми од мое лично име и од името на македонската државна Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи да Ви испратам срдечни честитки по повод најголемиот христијански празник: Христовото Воскресение – Велигден.
Христовото воскресение е возобновена надеж за човекот и човештвото. Во овие времиња на отуѓеност, војни и страдања, Христовото воскресение е надеж дека во нас може повторно да се разгори пламенот на човечност и христијанска етика.
Посакувам секое верно срце овие возвишени денови да биде исполнето со воскресенска радост, мир и љубов.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
Со особена почит,
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}