Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски по повод празникот Велигден упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото и до верниците на Католичката црква.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Неговото превозвишенство Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото и до верниците на Католичката црква, честитајќи им го празникот Воскресение Христово - Велигден.
Ваше Превозвишенство,
Дозволете ми по повод најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, Вам, на целото католичко свештенство, како и на сите граѓани кои го празнуваат овој празник по Грегоријанскиот календар да Ви испратам срдечни честитки со желби за добро здравје, мир и радост.
Духот на Велигденскиот празник, во ова тешко време полно со искушенија, нека биде инспирација и можност за враќање на вистинските вредности на животот. Зацврстени во вербата и надежта за подобро утре, да истраеме на патот кон мирот, одговорноста, солидарноста и меѓусебното почитување.
Ви посакувам среќен и благословен Велигден.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}