Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Богојавление - Водици
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот Богојавление - Водици.
Ваше Блаженство,
Богојавлението и крштевањето во водите на Јордан на Господ Исус Христос во вековите наназад, а и денес со голема радост и празничен трепет се славени во Црквата и чувани во нашата богата македонска народна традиција ширум татковината Македонија и насекаде во светот каде живее македонскиот народ.
Денес кога ќе се исполнат храмовите со верниот народ, ќе се исполнат делтите, кејовите и пристаништата со радосните лица чиј поглед е насочен кон осветените македонски води, да си посакаме ова чувство на заедништво, на богоугодност и соборност да трае и во другите денови од годината.
Дозволете да Ви го честитам големиот празник Богојавление – Водици, со радосниот восклик,
БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!
Нека е за многу години!