Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Рождество Христово – Божиќ
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото раѓање - Божиќ.
Дозволете Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, сето свештенство и преподобно монаштво, како и на целиот верен македонски народ од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник - РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ.
Христовото рождество е исполнување на сите човечки копнежи, очекувања и стремежи за повторна заедница со Бога. Воедно Божиќ е и празник на новата епоха, неизмерна радост и дар за човечкиот род и светот.
Во овие возвишени мигови, испраќајќи Ви искрени желби за здравје, среќа, мир и љубов, посакувам заедно да се радуваме и да го исполниме и новото Лето Господово со многу прославени јубилеи и светли настани за нашата Македонска Православна Црква. Палејќи ја свеќата на овој голем христијански празник, да ја запалиме надежта во срцето на секој еден Македонец, на секој еден христијанин.
ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!