Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Рождество Христово – Божиќ
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото раѓање - Божиќ.
Ваше Блаженство, Ваши високопреосвештенства,
Чувствувајќи ја топлината, длабочината и значењето на воплотувањето на Бога преку Христовото рождество во овие возвишени мигови, Ви упатувам срдечни честитки засилени со моите искрени желби за мир, радост и многу љубов во секое срце кое денес празнува, во секој дом кој денес се собира во заедница за да го прослави Христовото Рождество, спасителната надеж на човековиот род.
Христос се роди!
Нека е честито!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}