Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод црковно-државниот празник.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото и до верници од православна вероисповед, честитајќи им го празникот Свети Климент Охридски.
Празникот на патронот на нашата Света Македонска православна црква - Охридската архиепископија, Светиот Климент Охридски е многу повеќе од датум во календарот, тоа е Ден на нашата народна црковна заедница, кој ја покажува силната исконска поврзаност на многуте генерации на македонци со духовното и културното наследство на големиот просветител и учител Светиот Климент кој се изнедрил од истата таа заедница.
Нека е за многу години!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}