Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Велигден.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден. Исто така телеграми со честитки се упатени и до Поглаварите на Помесните православни цркви.
Изминатиов период, живеејќи во време во кое насекаде низ светот човечкиот живот е во голема опасност поради смртоносниот вирус, растеше искушението за секој од нас во периодот пред денот на славното Христово Воскресение да ја сочуваме верата во вонредните околности, да ги преиспитаме нашите постапки и да размислуваме за вистинските потреби на човекот, кои ги цени најчесто тогаш кога не му се достапни. Наближувањето на Велигден секогаш дава надеж и фрла светлина врз човековото постоење.
Зборовите на нашиот почитуван блаженоупокоен Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј : - „Христос Воскресна и ги рашири своите прегратки за сите луѓе; Бог сака сите да ја познаат неговата вистина и да се спасат“ и денес ја истакнуваат големината на празникот и даваат смирение будејќи ја човековата надеж.
Дозволете да Ви го честитам Христовото Восресение Велигден со најрадосниот поздрав,
ХРИСТОС ВОСРЕСНА !
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}