Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Велигден.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Дозволете славејќи го Христовото Воскресение, во овие празнични, најрадосни и највеличествени мигови, во кои се заборава на грижите на минливиот свет, изразувајќи ја мојата длабока почит да Ви го честитам Велигден со најрадосниот поздрав Христос воскресна!
Македонскиот народ денес ширум Македонската земја и светот, се обединува околу нашата изворна народна традиција, семејни вредности и лични добродетели, исполнувајќи ги храмовите на нашата автокефална и древна Македонска православна црква молејќи се за еден подобар, поубав и помирен свет!
Надевајќи се на услишување на искрените молитви на македонскиот народ, уште еднаш велигденски да воскликнеме:
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!