Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Воскресение Христово – Велигден
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Дозволете во овие најсвечени моменти да Ви го честитам најсветлиот, најрадосниот и спасоносниот ден на Христовото Воскресение, ден кој благодарение на христовата заедница на земјата - Црквата имаме можност одново и одново да го доживуваме во неговата сила и слава.
Животот наш, постоењето наше и смислата на се е во нераскинлива врска со воскресенската радост која ја обновува исконската надеж кај секој човек за вечен живот.
Посакувам празничната радост да биде присутна во домовите на сите, да ни го зајакне единството, па да ги надминеме во дух на заедништво сите искушенија кои го обременуваат нашето секојдневно живеење.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}