Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до новоизбраниот Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху по повод неговиот избор за поглавар на Исламската верска заедница.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху по повод неговиот избор за Реис ул Улема. Во телеграмата се вели:
Дозволете да ја споделиме радоста поради изборот на нов поглавар на Исламската верска заедница, изразувајќи ги нашите најискрени честитки и желби за успешна работа и највисок придонес кон обезбедувањето на стабилна и светла иднина на заедницата и градењето на просперитетно кохезивно општество со високи вредности и дух на почит, дијалог и космополитизам.
Изразуваме почит кон најавените планови на новоизбраниот Реисул Улема кој како духовен водач, но и како долгогодишен учител и педагог на мирен и хармоничен начин сака да ги реализира во интерес на нашето мултиконфесионално општество.
Нека биде за општа полза и честито!
До:
Исламска верска заедница
- Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху
- Ријасет на ИВЗ
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}