Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до МПЦО „Свети Петар и Павле“ во Гери, Индијана, САД по повод 60 годишниот јубилеј од осветувањето на храмот.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до МПЦО „Свети Петар и Павле“ во Гери, Индијана, САД по повод 60 годишниот јубилеј од осветувањето на храмот.
Ваше Блаженство, Ваше Високопреосвештенство,
Сечесни отци, високопочитувани браќа и сестри,
Во радост пред се за Вашиот тамошен собир, чувствувајќи ја важноста од големиот јубилеј 60 години од осветувањето на првиот македонски православен храм во северно-американскиот континент, но и во восхит од сиот Ваш пожртвуван придонес изминативе шест децении за Македонската православна црква, како и вградувањето во највисокиот македонски националниот интерес и кауза Ви испраќам топли, срдечни и искрени честитки по повод големиот јубилеј.
Посакувам единственоста и братољубието да ги красат годините кои доаѓаат, како сигурен пат и тие како и овие зад нас да бидат запомнети по достигнувања и вредни спомени кај многуте генерации кои доаѓаат.
Македонија и Македонската црква се секогаш таму каде нашата душа е во мир, во радост и во добро, за сите и за се!
Со особена почит,
Даријан Сотировски