Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Рождество Христово – Божиќ
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото раѓање - Божиќ.
„ И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина“
(Јн. 1,14)
Дозволете во овие возвишени празнични моменти од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од свое име да Ви ги пренесам искрените честитки по повод Христовото рождество – Божиќ и да Ве поздравам со:
Христос се роди!
Нека празничната радост ги огрее срцата и нека ги исполни со љубов и христијанска доблест. Нека ни даде сила и мудрост да се справиме со предизвиците што ги носи денешното време, а во секого од нас здравје, трпение и мир.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}