Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Почетна

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ИМЕНДЕНОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г. Г. СТЕФАН

Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со честитки по повод именденот на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со честитки по повод именденот на Поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан.

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 

Ваше Блаженство,

 

            Дозволете  ми да Ви го честитам именденот и да Ви посакам долговечност, здравје, мир во душата и љубов во срцето.

            Споменот на првомаченикот и архиѓакон Стефан, кој денеска го празнуваме и чие име Вие го носите е момент на восхит, од една страна кон подвигот на маченикот, од друга страна кон Вашиот личен подвиг.

            Вашето име е отсликување на мудроста и истрајноста со која ги отфрлате камењата кои со лукавост кон Вас се упатени, а Вие со милост одговарате:

- Господи, не сметај им го ова за грев!

 

            Честит и вековит именден!

 

            Со почит,                                                                                             

                                                                       Директор

                                                                   Оливера Трајковска

 

 

 

 

Тагови: