Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Богојавление - Водици.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед, честитајќи им го празникот на Христовото крштевање - Водици.
Богојавлението и осветувањето на водите за верниот православен народ во Македонија, но и помеѓу нашинците ширум мередијаните на светот со векови биле причина за празничен трепет и масовна соборна радост. Напластуваната генерациска моморија создала мошне силна верско-народна традиција која е дел од нашиот идентитет.
Дозволете во овие празнични мигови да Ве поздравам со БОГ СЕ ЈАВИ и изразувајќи ги моите најдлабоки чувства на почит, да Ви посакам празнични денови исполнети со радост и здравје.
Изразувајќи ја надежта дека светската пандемија набрзо ќе заврши, ја истакнувам благодарноста за Вашиот ангажман и разбирање за предизвиците и одговорноста кон колективната здравствена заштита.
За многу години!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}