Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Успение на Превета Богородица - Голема Богородица.

Ваше Блаженство,
Дозволете ми од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име, Вам, на членовите на Светиот архијерејски синод, на свештенството, монаштвото и на сите православни верници да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица.
Бројните светилишта ширум Македонија посветени на Мајката Божја, Пресвета Богородица, и култот кој со векови живее на овие простори, сведочат за длабоката почит што нашиот народ ја негува кон неа, но и за богатото духовно наследство коешто нè поврзува и нè потсетува на трајните вредности на верата, семејството и љубовта кон ближниот.
Во време кога на човештвото му се потребни повеќе разбирање, милосрдие и солидарност, нека овој голем празник нè поттикне, ни даде вдахновение преку ликот на Пресвета Богородица, да ја негуваме љубовта, добрината и човекољубието и со своите дела да придонесуваме за мир и благосостојба меѓу луѓето.
Со вера во нејзината мајчинска љубов и закрила, посакувам мир и благосостојба во секој македонски дом, надеж во Вашите срца и мудрост во Вашите постапки.
За многу години празникот Успение на Пресвета Богородица!