Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Евангелска црква по повод смртта на пасторот Мирчо Андреев, кој беше долгогодишен претседател на ЕЦ
По повод смртта на Претседателот на Евангелската црква, пасторот Мирчо Андреев, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Евангелската црква, во која се вели:
Почитувани членови на Евангелската црква, посветени пастори, ожалостено семејство,
Дозволете во овие моменти на тага по ненадејната вест за упокојувањето на претседателот и пастор на Евангелската црква г-дин Мирчо Андреев да Ви ги пренесам моите најдлабоки изрази на сочувство.
Загубата ќе остави ненадоместливо место во животот и егзистирањето на Евангелската црква, но и пошироко во рамки на молтиконфесионалната слика на Македонија. Сите од нас имаат пријатни спомени од соработката со пасторот Андреев, кој преку посветена и долгогодишна работа, проповедајќи го евагелието се грижеше за благосостојбата на секоја човечка душа.
Бог да го прости!
Примете искрено сочуство,
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}