Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до бискупот на Ктоличката црква во Република Македонија, монисињор д-р Киро Стојанов, по повод смртта на монсињор Антун Циримотиќ
Ваше Превозвишенство,
Од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи како и од мое лично име, примете искрено и длабоко сочуство по повод смртта на монсињор Антун Циримотиќ, свештеник на Скопската Бискупија.
Монс. Антун Циримотиќ даде значаен придонес во зајакнувањето и афирмацијата на Католичката Црква на нашиве простори и на присуството на нејзините верници во сите полиња на мултиконфесионалниот живот во Македонија. Неговиот одмерен, рационален и секогаш праведен став беше синоним за човекољубие, почитување на другиот, укажувајќи постојано на љубовта кон Бога, како најголема добродетел на верникот и на луѓето воопшто кои живеат заедно во едно мултикултурно општество.
Нека почива во мир.
Со почит,
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}