Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод црковно-државниот празник.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото и до верници од православна вероисповед, честитајќи им го празникот Свети Климент Охридски.
Дозволете ми од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Вам, како и на сите граѓани во земјата и во странство, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот црковно-државен празник – СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ.
Делото на основоположникот на Охридската книжевна школа и македонски црковен патрон Свети Климент е епохален придонес на нашиот православен духовник кон светската културна ризница.
Затоа, со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува нашиот патрон свети Климент, да упатиме една силна порака за почитта, доброто и разбирањето помеѓу сите народи. Гласно нека одекнуваат неговите зборови: „надминувајте се еден со друг со добрина“.
Нека е честит и вековит големиот празник Свети Климент Охридски!