Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски по повод празникот посветен на светиот Јоаким Осоговски зеде учество на чествувањето на манастирската слава на Осоговскиот манастир.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски на ден 29. 08. 2023 година по повод христијанскиот празник свети Јоаким Осоговски присуствуваше на чествувањето на манастирската слава во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка.
Светата литургија отслужија претстојателите на Српската и на Македонската Православна Црква: Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
На поглаварите им сослужуваа Нивните Високопреосвештенства, митрополитите од Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија: Повардарски г. Агатангел, Кумановско-осоговски г. Григориј и поранешен Кумановско-осоговски г. Јосиф, Митрополитот Доростолски г. Јаков од Бугарската Православна Црква и Епископот Јегарски г. Нектариј од Српската Православна Црква , како и бројни свештенослужители, меѓу кои и претстојателот на Романското подворје во Софија, ставрофорниот протопрезвитер Нелуцу Опреа.
На чествувањето присуствуваше многуброен народ.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}