Одбележување на 30 годишнината од основањето на Македонското библиско друштво.
По повод 30 години од основањето на Македонското библиско здружение, во свечената сала при Музејот на македонската борба за самостојност, на 24.10. 2024 година беше организиран настан во знак на јубилејот, на кој присуствуваа многубројни гости меѓу кои беше и директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска.
Свое обраќање пред присутните имаа: Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Преосвештенство епископот Хераклејски г. Климент, претставникот од Обединетите библиски здруженија г. Џорџ Сохос и генералниот секретар на Библиското здружение – проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.
Во рамки на чествувањето беа инкорпорирани музички изведби, поетско читање на псалми, како и приказ на краток исечок од документарниот филм за дејноста и за мисијата на Македонското библиско здружение.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}