Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска ја посети Евангелската црква во Велес, каде што зеде учество во хуманитарна акција.
Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи негува квалитетни врски со сите верски заедници и религиозни групи и во тој контекст учествува во заеднички проекти и активности.
Евангелската црква во Велес, во соработка со институциите и голем број хумани индивидуалци, под раководство на пасторот Филип Иванов реализира месечни хуманитарни акции кои се наменети за социјално загрозени семејства.
На ден 28. 10. 2024 година во просториите на Евангелската црква во Велес беше реализирана хуманитарна акција во која учествуваше и директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска.
Меѓусебната соработка на ова поле ќе продолжи и во идниа, како и на полето на верските прашања кои ги засегаат и двете страни.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}