На покана на Неговото Превозвишенство, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко- Скопски монсињор д-р Киро Стојанов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на полноќната Велигденска миса во катедралата "Пресвето срце Исусово".

На мисата присуствуваше Н.Е. Гордана Сиљановска Давкова, државни претставници и голем број на верници
По повод католички Велигден, директорката Трајковска упати и празнична честитка:
Ваше Превозвишенство,
Дозволете ми, од мое лично име, како и од име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на Вас и на сите верници од Католичката црква, да Ви го честитам големиот христијански празник- Велигден.
Велигденската радост ја отсликува длабочината на верата преку литургискиот живот и посветеноста на верниците кон духовните вредности. Таа се препознава во секојдневната грижа за ближниот, подавањето рака на оној кој му е најпотребно и во истрајноста во доброто.
Затоа, да ја негуваме културата на почитување, разбирање и соживот, како жив израз на верата во секојдневието, носејќи мир, достоинство и надеж во општеството, следејќи ја велигденската порака:
„Христос, нашето Пасхално Јагне, се жртвува за нас; затоа да празнуваме во Господа.“ (сп. 1 Коринтјаните 5:7–8)
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!