Во издание на КОВЗРГ излезе од печат книгата „Водич за запознавање со исламот“.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) ја информира пошироката јавност дека од печат излезе книгата „Водич за запознавање со исламот“.
Станува збор за модерна и корисна публикација. Водичот го запознава читателот со основните информации за појавата на исламот, неговото ширење и историјат, потоа дава информации за исламското учење, за одредени елементи од исламската култура и цивилизација, како и за исламот и Исламската верска заедница во нашата земја. Рецензент на делото е почитуваниот м-р Насир Реџепи, муфтија на ИВЗ во Штип.
Со издавањето на оваа вредна публикација, во ова време на плурализам и информативно општество, КОВЗРГ продолжува да работи на надоградувањето на меѓусебното запознавање на различните вероисповеди присутни во македонското општество.
Оваа е веќе петта публикација по ред, која КОВЗРГ ја издава за време на двегодишен период. Комисијата и во иднина ќе продолжи со современо и оргинално издаваштво, со кое ќе дава значителен и голем придонес кон македонската книжевна ризница.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}