Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на Воскресната полуноќна богослужба во Тетово.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово присуствуваше на Воскресната полуноќна богослужба на која Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф заедно со свештенослужителите пред многубројниот народ ја објавија радостната вест за Христовото воскресение.