Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи - KOVZ

СРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ СОТИРОВСКИ СО Г-ДИН МИКЛОШ ШОЛТЕС, ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ЗА ЦРКОВНИ И ЕТНИЧКИ ОДНОСИ ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ НА УНГАРИЈА

Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски оствари работна средба со г-дин Миклош Шолтес, државен секретар во Кабинетот на премиерот на Унгарија одговорен за црковни и етнички односи

Во рамки на својата работна посета на Унгарија, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), на ден 30. 03. 2023 година во Будимпешта оствари работна средба со г-дин Миклош Шолтес, државен секретар во Кабинетот на премиерот на Унгарија одговорен за црковни и етнички односи.

На средбата беше претставена работната област на институциите, а стана збор и за предизвиците и за поставеност на односите преку кои црпиме и компарираме искуства и споделуваме меѓусебна поддршка и потенцијали за идна взаемна соработка.

Тагови: