Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Почетна

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ИЛИНДЕН“ – ТИРАНА

Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари средба со г-дин Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонското здружение „Илинден“ од Тирана

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска на ден 07. 10. 2024 година во својот кабинет оствари информативна средба со г-дин Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Претседателот на здружението Ѓурѓај ја информираше директорката за моменталната состојба на македонската заедница во Р. Албанија, како и за проектите и активностите на здружението.

Директорката Трајковска изрази подготвеност за идна соработка со здружението во интерес на македонската заедница во Р. Албанија.

Тагови: