Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи - KOVZ

ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА МПЦ-ОА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ ВО СКОПЈЕ

Во рамки на одбележувањето на црковно-државниот празник Свети Климент Охридски, во навечерието на празникот во истоимениот архиепископски Соборен храм во Скопје се одржа празнична Вечерна богослужба.

На 07. 12. 2022 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, Неговото високопреосвештенство Митрополитот брегалнички г. Иларион, чиноначалствуваше со Празнична вечерна богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а во присуство и на високопреосветениот Митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф и на преосветениот Епископ хераклејски г. Климент.

На богослужбата помеѓу многубројниот верен народ, присуствуваше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), м-р Даријан Сотировски.

Тагови: